Мисија, Визија и Мото

     Мисијата на нашето училиште е да обезбеди квалитетно образование и воспитание на учениците, затоа што само добро воспитани и образовани ученици ќе можат да се соочат со предизвиците кои им престојат во понатамошниот нивен образовен процес и нивна правилна социјализација во опшеството. Само добро образовани и воспитани ученици ќе можат да го препознаат и прифатат доброто и отфрлат лошото за подобра иднина на сите

    Визија (Учи - Инвестирај во себе) Нашето училиште сака и ќе настојува да ги подобри условите за работа во училиштето, вложувајќи заедно со Локалната самоуправа во осовременување на материјално- техничките услови за работа и професионално усовршување на наставниот кадар сè со цел да ја исполни својата зацртана мисија

    Мото (Стручност, Соработка, Мотивација настава на 21-от век)

Информации

Наставата се одвива на Македонски и Турски јазик.

Организирано од 57 вработени во 33 паралелки за Вкупно 504 ученици.

23 училници, 1 библиотека, 1 сала и 4 канцаларии.

 

Училишниот одбор, Советот на родители, Директорот, Наставиот кадар, Стручниот кадар, Помошно-техничкиот персонал се грижат заедно за Успешна реализација на воспитно-образовниот процес.