Нашето Училиште
Основното училиште Мите Богоевски се
наоѓа на улица 29 Ноември бр 213 Ресен, и ги опфаќа учениците од
југо-западниот дел на градот и од селата (Јанковец, Болно, Козјак, Царев
Двор, Дрмени, Лавци, Горна Бела Црква, Г.Дупени и Кривени)
Основното училиште Мите Богоевски
почнало со работа во 1944 год. Објектот е од цврста градба, добро
зачуван, функционален и ги
задоволува потребите. Училиштето располага со четри згради од кои две во
Ресен за потребите на основното училиште и две згради се во функција на
подрачните училишта во с. Јанковец и во с. Болно.
Објектот во с. Јанковец е изграден
во 1986 година по сите педагошки норми и критериуми. Објектот во с.
Болно е изградена во 1927 година, реновирана и ги задоволува
критериумите за одржување на воспитно образовниот процес во рамките на
можностите.
Училиштето располага со вкупен
простор од 3005 м2 во централното училиште што опфаќа училници,
кабинети, канцеларии и спортска сала, и дврорно место од 4681м2. Во с.
Јанковец покриениот училишен простор изнесува 550 м2 и има дворно место
од 12680 м2. Во с.Болно покриениот училишен простор изнесува 125 м2 и
има дворно место од 420 м2.