Нашето Училиште

     Основното училиште Мите Богоевски се наоѓа на улица 29 Ноември бр 213 Ресен, и ги опфаќа учениците од југо-западниот дел на градот и од селата (Јанковец, Болно, Козјак, Царев Двор, Дрмени, Лавци, Горна Бела Црква, Г.Дупени и Кривени)

     Основното училиште Мите Богоевски почнало со работа во 1944 год. Објектот е од цврста градба, добро зачуван,  функционален и ги задоволува потребите. Училиштето располага со четри згради од кои две во Ресен за потребите на основното училиште и две згради се во функција на подрачните училишта во с. Јанковец и во с. Болно.

     Објектот во с. Јанковец е изграден во 1986 година по сите педагошки норми и критериуми. Објектот во с. Болно е изградена во 1927 година, реновирана и ги задоволува критериумите за одржување на воспитно образовниот процес во рамките на можностите.

     Училиштето располага со вкупен простор од 3005 м2 во централното училиште што опфаќа училници, кабинети, канцеларии и спортска сала, и дврорно место од 4681м2. Во с. Јанковец покриениот училишен простор изнесува 550 м2 и има дворно место од 12680 м2. Во с.Болно покриениот училишен простор изнесува 125 м2 и има дворно место од 420 м2. Во училиштето во Ресен е инсталирано парно греење

Фото    влез     двор